ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА Ракот на грло на матка некогаш беше водечки причинител за смртност меѓу жените. Тоа се смени од кога ПАП тестот стана широко достапен. Овој тест се спроведува со цел откривање на евентуални предканцерогени промени на грлото на матката. Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката. Констатирано е дека ракот на грлото на матката е четврт најчест вид на карцином меѓу жените во светот. Годишно се дијагностицира кај околу 570.000 жени, а во просек со оваа болест не можат да се изборат 311.000 лица. СЗО покрена „Програма за отстранувањето на ракот на грлото на матката“ ширум светот со одлуката донесена на Светското здравствено собрание со цел превенција на ракот на грлото на матката.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ЗА СКРИНИНГОТ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКАЗА 2022 ГОДИНА ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ДЕКА ВРЗ ОСНОВА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА, ЗА СКРИНИНГ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА, ПРЕДВИДЕН Е ОПФАТ НА ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД:
36 - 45 години
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: БРАНКА КРСТЕВ, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ 4 February Секоја година на Светскиот ден на ракот, СЗО/Европа ги истакнува успесите и предизвиците во контролата на ракот. Ракот е водечка причина за смртност и морбидитет во европскиот регион на СЗО. Во 2021 година, 2,2 милиони луѓе починале од рак, а на 4,8 милиони луѓе им бил дијагностицирани рак во европскиот регион на СЗО. Смртните случаи од рак се очекува да растат на годишно ниво - борбата со ова бара посветеност и акција од сите нивоа на општеството.Без похрабри активности, проценките сугерираат дека регионот ќе достигне инциденца од 5,4 милиони случаи на рак и 2,5 милиони смртни случаи годишно до 2030 година. Во 2021 година, СЗО/Европа започна Обединета акција против ракот...
Почитувани,
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје е јавна здравствена установа чија што основна дејност е превентивна здравствена заштита на подрачјето на Скопскиот регион, а врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за безбедност на храна.
Во рамките на своите надлежности ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје ги спроведува следниве работи:
- здравствено хигиенски (санитарни) прегледи на вработени;
- испитување на брисеви од работни површини;
- анализа на спори и функција на стерилизатори;
- бактериолошка анализа на брис од грло, брис од нос, копрокултура и хемокултура;
- Назофарингеален брис за молекуларна детекција САРС/КОВИД 19(ПЦР тест)
- спроведуваме обука за стекнување на основни знаења за безбедност на храната, за лица вработени во објекти за производство и промет со храна ;
- микробиолошки и физичко - хемиски лабораториски услуги за испитување на квалитетот и безбедност на храната, водата за пиење, површинските води, отпадните води и цврсти материи и сл;
- испитување на квалитетот на воздухот,
- мерење на бучава;,
- проучување и следење на хигиенските и здравствените - еколошко санитарни услови во поглед на безбедноста на храната, и др., како и анализа и евалуација на лабораториските податоци и предлагање на мерки за надминување на јавно - здравствените проблеми
- дезинфекција, дезинсекција и дератизација на јавни површини и објекти;
- имунопрофилакса и хемиопрофилакса ( вакцинација).
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје Ве известува дека има можност за изведување на имунизација со вакцина против сезонски грип во вашата установа. Ве молиме да направите список на заинтересирани лица кои би ја добиле истата од екипа на ЦЈЗ-Скопје.За теренското вакцинирање, зантересираните лица треба да бидат во група не помала од десет луѓе Спецификација на вакцината против сезонски грип: - Influenza vaccinаe, inactivated, split virus or surface аntigen, сезонска 4 - типна – Influenza vaccinаe, inactivated, split virus or surface аntigen, за лица на возраст од 6 месеци и постари; - АТЦ код: ЈО7ББ02; - Фармацевтска форма: Суспензија за инјектирање; - Облик на пакување: Наполнет инјекциски шприц од 0,5 мл. - Производител: Sanofi Pasteur SA, France - Цена: 800,00 денари
ВАКЦИНАЦИЈА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП Грипот или Инфлуенца е акутно вирусно, космополитско заболување од кое секоја година речиси 5-15% од светската популација заболува.Инфекцијата се пренесува аерокапково односно преку кивање, кашлање, зборување и преку директен контакт со контаминирани предмети и површини. Високата инфективност и честите мутации на вирусот водат до појава на нови видови на вируси на кои човекот не е отпорен а посебно осетливи популациони групи се старите лица, имунокомпромитираните и хроничните болни , бремените жени и малите деца.
Светски ден за борба против СИДА, 2021 година “КРАЈ НА НЕЕДНАКВОСТИТЕ. КРАЈ НА СИДА-та.” 1 декември 2021 година
Темата на Светскиот ден за борба против СИДА, 2021 годинае „Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА-та“. СЗО и нејзините партнери ги истакнуваат растечките нееднаквости во пристапот до основните услуги за ХИВ. ХИВ останува главен проблем на јавното здравје кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО.
|