PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1041 |
Посети (овој месец): | 19420 |
Посети (оваа година): | 322187 |
Посети (вкупно): | 1315729 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден против злоупотреба на детски труд 2022 Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд се одбележува на 12 јуни, со цел да се спречи штетното влијание на работата врз развојот на децата ширум светот. Секоја здравствена криза предизвикува предвремено влегување во светот на работата за милиони деца од ранливите групи на глобално ниво. Според Меѓународната организација на трудот, 218 милиони деца на возраст од 5 до 17 години во моментов се економски активни во светот. 4 ЈУНИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА НЕВИНИ ДЕЦАЖРТВИ НА АГРЕСИЈАЦелта на овој ден е да се оддаде признание на болката и страдањата што ги прежувуваат децата ширум светот - жртви на физичко, психичко и емоционално насилство. На овој ден Обединетите нации ја потврдуваат својата посветеност и обврзаност кон заштитата на правата на децата. Статистичките податоци во врска со многуте форми на злоупотреба на децата се загрижувачки: ● Преку 2 милиони деца се убиени во конфликти во последните две децении; ● Околу 10 милиони деца-бегалци се згрижени од страна на УНХЦР; ● Околу 80 илјади деца годишно умираат како резултат на насилство во семејствата….(1) Иако е тешко да се одреди точен број на деца војници, според УНИЦЕФ, околу 300 000 деца низ светот се деца војници. Ова не подразбира само деца на фронт кои имаат оружје во рака, туку и деца кои на било каков начин се условени да бидаат дел од воени организации.. Во последните децении на минатиот век, бројни научни студии ги испитувале здравствените ефекти од пушењето, чадот од тутун, тутунот и производите од тутун и го потврдиле фактот дека пушењето е водечкиот ризик-фактор што може да се превенира (даспречи) појава на болести и прерана смрт. Последиците од пушењето влијаат не само на здравјето на луѓето, предизвикувајќи разни болести кои го намалуваат квалитетот на животот и доведуваат до прерана смрт, туку и на социо-економските можности на секојдневниот живот. Намалениот работен капацитет, отсуството од работа, зголемените трошоци за здравствена заштита (третман и рехабилитација) се голем економски товар за секоја заедница.
На 15 мај, од 1994 година, се обележува Светскиот ден на семејствата, свеста за важноста на семејствата и семејните вредности. Семејството е чудо на природата. Тоа претставува најважна работа на светот. Овогодишнaтa тема на Интернационалниот ден на семејството гласи : „Семејството и урбанизацијата“ Урбанизацијата е еден од најважните мегатрендови кои го обликуваат нашиот свет, и животот и благосостојбата на семејствата ширум светот. Одржливата урбанизацијата е поврзана со постигнување на неколку цели и цели за одржлив развој (СДГе), како што се: СДГ1 (Искоренување на сиромаштијата); СДГ3 (Добро здравје и благосостојба); СДГ11 (Направете градови и човечки населби инклузивни, безбедни, еластични, одржливи); СДГ10 (Намалете ја нееднаквоста во и меѓу земјите). Сите горенаведени цели зависат од тоа како урбанизацијата ќе биде управувана во корист на семејствата и подобрување на благосостојбата на сите генерации кои живеат во градовите.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
12- ти мај се одбележува како Меѓународен ден на медицинските сестри ширум светот во чест на услугите на медицинските сестри. Тоа е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, англискиот социјален реформатор, статистичар и основач на модерното сестринство. Темата за овогодинешниот Ден на медицинските сестри е „Медицински сестри: Глас за водство - Инвестирајте во медицинската сестра и почитувајте ги правата за да се обезбеди глобално здравје“. Меѓународниот совет на медицински сестри (International Council of Nurses, ICN) е првата и најширока меѓународна организација во светот за здравствени работници со седиште во Женева, Швајцарија. Таа федерација на национални здруженија на медицинските сестри во повеќе од 130 земји работи на поставување на стандардизирана квалитетна здравствена (сестринска) нега за сите и праведна здравствена политика на глобално ниво.
СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ
Придобивките и ризиците од физичката активност и седечкото однесување Редовната физичка активност, како што се пешачење, возење велосипед, спортување или активна рекреација, дава значителни придобивки за здравјето.Било каква физичка активност е подобра отколку да не правите никаква. Со тоа што станувате поактивни во текот на денот на релативно едноставни начин, можете лесно да ги постигнете препорачаните нивоа на активност. Редовната физичка активност може: - подобрување на мускулната и кардиореспираторната кондиција; - подобрување на коските и функционалното здравје; - намалување на ризикот од хипертензија, коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес, разни видови на рак (вклучувајќи рак на дојка и рак на дебелото црево) и депресија; - намалување на ризикот од падови, како и фрактури на колкот или пршлените; и - помагаат во одржување на здрава телесна тежина.
Хигиена на рацете при здравствена нега
Најголем дел од инфекциите асоцирани со здравствена нега може да се превенираат со добра хигиена на рацете – чистење на рацете во право време и на прав начин. Рацете на здравствените работници играат клучна улога во одржување на безбедноста на пациентите. Доколку здравствените работници не ги чистат рацете во вистински момент и со примена на соодветни методи, тие може преку своите раце да пренесат микроорганизми кои предизвикуваат инфекција од еден пациент на друг. Одржување на хигиена на рацете во клучни моменти е важна интервенција во здравствената заштита. Хигиената на рацете го намалува преносот на микроорганизми (вклучително и оние кои се резистентни на антибиотици), ја зголемува безбедноста на пациентот и ги намалува инфекциите асоцирани со здравствена нега. |
|