PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шактите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 255 |
Посети (овој месец): | 1098 |
Посети (оваа година): | 232333 |
Посети (вкупно): | 968057 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Почитувани,
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје е јавна здравствена установа чија што основна дејност е превентивна здравствена заштита на подрачјето на Скопскиот регион, а врз основа на Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за безбедност на храна.
Во рамките на своите надлежности ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје ги спроведува следниве работи:
- здравствено хигиенски (санитарни) прегледи на вработени;
- испитување на брисеви од работни површини;
- анализа на спори и функција на стерилизатори;
- бактериолошка анализа на брис од грло, брис од нос, копрокултура и хемокултура;
- Назофарингеален брис за молекуларна детекција САРС/КОВИД 19(ПЦР тест)
- спроведуваме обука за стекнување на основни знаења за безбедност на храната, за лица вработени во објекти за производство и промет со храна ;
- микробиолошки и физичко - хемиски лабораториски услуги за испитување на квалитетот и безбедност на храната, водата за пиење, површинските води, отпадните води и цврсти материи и сл;
- испитување на квалитетот на воздухот,
- мерење на бучава;,
- проучување и следење на хигиенските и здравствените - еколошко санитарни услови во поглед на безбедноста на храната, и др., како и анализа и евалуација на лабораториските податоци и предлагање на мерки за надминување на јавно - здравствените проблеми
- дезинфекција, дезинсекција и дератизација на јавни површини и објекти;
- имунопрофилакса и хемиопрофилакса ( вакцинација).
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје Ве известува дека има можност за изведување на имунизација со вакцина против сезонски грип во вашата установа. Ве молиме да направите список на заинтересирани лица кои би ја добиле истата од екипа на ЦЈЗ-Скопје.За теренското вакцинирање, зантересираните лица треба да бидат во група не помала од десет луѓе Спецификација на вакцината против сезонски грип: - Influenza vaccinаe, inactivated, split virus or surface аntigen, сезонска 4 - типна – Influenza vaccinаe, inactivated, split virus or surface аntigen, за лица на возраст од 6 месеци и постари; - АТЦ код: ЈО7ББ02; - Фармацевтска форма: Суспензија за инјектирање; - Облик на пакување: Наполнет инјекциски шприц од 0,5 мл. - Производител: Sanofi Pasteur SA, France - Цена: 800,00 денари ВАКЦИНАЦИЈА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП Грипот или Инфлуенца е акутно вирусно, космополитско заболување од кое секоја година речиси 5-15% од светската популација заболува.Инфекцијата се пренесува аерокапково односно преку кивање, кашлање, зборување и преку директен контакт со контаминирани предмети и површини. Високата инфективност и честите мутации на вирусот водат до појава на нови видови на вируси на кои човекот не е отпорен а посебно осетливи популациони групи се старите лица, имунокомпромитираните и хроничните болни , бремените жени и малите деца. Светски ден за борба против СИДА, 2021 година “КРАЈ НА НЕЕДНАКВОСТИТЕ. КРАЈ НА СИДА-та.” 1 декември 2021 година
Темата на Светскиот ден за борба против СИДА, 2021 годинае „Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА-та“. СЗО и нејзините партнери ги истакнуваат растечките нееднаквости во пристапот до основните услуги за ХИВ. ХИВ останува главен проблем на јавното здравје кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО. СООПШТЕНИЕ/Lajmërim
На 22ноември 2021 година (понеделник) - Одделението за микробиологија со паразитологија нема да работи со пациенти!
Më 22nëntorë 2021 viti (e hënë) - Departamenti i mikrobiologjisë me parazitologji nuk do të punojë me pacientë! 14 НОЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ Дијабетесот е хронична, метаболна болест која се карактеризира со покачено ниво на гликоза во крвта (или шеќер во крвта), што со тек на време доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите. Најчест е дијабетес тип 2, обично кај возрасни, кој се јавува кога телото станува отпорно на инсулин или непроизведува доволно инсулин. МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МАЖИТЕ 1 Ноември - 29 Ноември На глобално ниво, мажите умираат во просек шест години порано од жените, и тоа од причини кои во голема мера може да се спречат. Што значи дека не мора да биде така: сите можеме да преземеме акција за да живееме поздрав, посреќен и подолг живот.Здравјето на мажите вклучува состојби кои ги погодуваат само мажите, како што се рак на простата и на тестиси, но и нивното ментално здравје. Многу од главните здравствени ризици со кои се соочуваат мажите - како рак на дебелото црево или срцеви заболувања - може да се спречат и третираат со рана дијагноза. |
|







































































