PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шактите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 265 |
Посети (овој месец): | 1108 |
Посети (оваа година): | 232343 |
Посети (вкупно): | 968067 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Здравствена едукација, ноември 2014 година
Во месец ноември, Центарот за јавно здравје Скопје согласно планот за работа на ЦЈЗ Скопје и Националната годишна програма за јавно здравје за 2014 година донесена од Министерството за здравство на Република Македонија, продолжи со здравствена едукација на децата во градинките, на учениците во основните и средните училишта.
Едукативни предавања беа одржани во следните општини: Шуто Оризари, Центар, Сарај, Кисела Вода и Чаир.
202 предавања се реализирани во основните и средни училишта и 4 предавања во една детска градинка, и тоа:
- О.У. 26 јули, во о. Шуто Оризари
- СИУ Иса Беу Медреса, во о. Сарај и о. Центар
- О.У. Св. Климент Охридски, во о. Кисела Вода, населба Драчево
- ЈДГ Снежана-Џуџиња, во о. Чаир
Едукативните содржини ги опфатија следните теми:
- Лична хигиена
- Здрави училишни оброци и здравствен ризик од неправилна исхрана
- Здравствен бенефит од редовни физички активности
- Социјално-медицински аспекти на пушењето
- СИДА
- Сексуално-преносливи инфекции.
При тоа се опфатени 2309 ученици во основните и средните училишта и 90 деца во споменатата градинка.
Истовремено се одржани 2 трибини, со опфат на 40 ученици, на следните теми:
- Здрави учлилишни оброци
- Сексуално преносливи инфекции
15.12.2014, Изготвил: Прим. д-р сци.спец. Персида Малинска
|







































































