PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шактите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 254 |
Посети (овој месец): | 1097 |
Посети (оваа година): | 232332 |
Посети (вкупно): | 968056 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Советувалиште за сида
Зa кого е наменето советувалиштето?
- за сите лица на кои ќе им затреба совет и помош во врска со ХИВ/СИДА и кои сакаат да се тестираат на ХИВ инфекција:
- лица кои се изложиле на зголемен ризик од ХИВ-инфекција,
- лица кои мислат дека се изложиле на зголемен ризик од ХИВ-инфекција,
- инфицирани и заболени од ХИВ/СИДА и нивните партнери и членови на семејства,
- сите други лица кои сакаат да се информираат од областа на ХИВ/СИДА проблематиката.
Што ќе добиете со советување и тестирање?
Сигурно ке ви помогне:
• со информации и совети,
• да се ослободите од стравот и дилемите поврзани со ризиците од ХИВ инфекција,
• да се ослободите од стравот и дилемите поврзани со ризиците на кои можеби сте биле изложени во минатото,
• што порано да се открие ХИВ инфекцијата,
• што порано и поуспешно да се започне со лекување во случај на позитивен наод,
• помош за справување со депресија или паника,
• како, несакајќи, да не ја проширите ХИВ инфекцијата на други лица,
• со информации како да се грижите за себе, партнерот, пријателите.
Што нуди советувалиштето?
• советување пред тестирање (проценка на ризик, информации за вредноста и значењето на тестот),
• тестирање на ХИВ инфекција,
• советување после тестирање,
• широк спектар на информации за ХИВ/СИДА,
• пружање на помош при упатување на лекување,
• психосоцијална поддршка.
|







































































