PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 487 |
Посети (овој месец): | 13045 |
Посети (оваа година): | 199405 |
Посети (вкупно): | 1676434 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МАЖИТЕ
1 Ноември - 29 Ноември
На глобално ниво, мажите умираат во просек шест години порано од жените, и тоа од причини кои во голема мера може да се спречат. Што значи дека не мора да биде така: сите можеме да преземеме акција за да живееме поздрав, посреќен и подолг живот.Здравјето на мажите вклучува состојби кои ги погодуваат само мажите, како што се рак на простата и на тестиси, но и нивното ментално здравје. Многу од главните здравствени ризици со кои се соочуваат мажите - како рак на дебелото црево или срцеви заболувања - може да се спречат и третираат со рана дијагноза.
Ракот на простата е најчестиот карцином кај мажите и се смета дека воБританија на околу 36.000 луѓе им се дијагностицира оваа ужасна болест секоја година, а околу 10.000 мажи умираат од истото секоја година.Ракот на простата главно ги погодува мажите постари од 50 години, а ризик се зголемува со возраста.Некои карциноми на простата растат брзо и има поголема веројатност да се рашират. Ова е поверојатно да предизвика проблеми и има потреба од третман за да се спречи неговото ширење.Други симптоми на рак на простата вклучуваат: отежнато започнување со мокрење, напрегање или подолго траење на мокрењето, слаб проток, чувство дека мочниот меур не се испразнил целосно.
Ракот на тестисите најчесто се јавува кај помладите мажи, при што речиси половина од случаите се јавуваат кај оние на возраст меѓу 15 и 35 години. Стапката на мажи кај кој е дијагностициран рак на тестисите е двојно зголемена во последните 50 години. За среќа, тојможе да бидe ефективно третиран и често излекуван, доколку се дијагностицира и лекува рано. Раното откривање и познавањето на ризиците се клучни. Самопрегледите може да играат важна улога во раното откривање на ракот на тестисите. Најчестиот метод за рано откривање е вршење месечен самопреглед. Некои лекари препорачуваат сите мажи да ги прегледуваат тестисите месечно по пубертетот.
Во животот се соочуваме со тешки нешта, како што се тешкотии со работата, финансиите, врските, семејните обврски или значително назадување. Овие предизвици можат да имаат штета наментално здравје ако не се контролираат.Највисока стапка на депресија е кај мажите на возраст од 40-59 години. Наместо да бараат помош, мажите со поголема веројатност ќе се обидат да се борат сами. Нелекуваните ментални здравствени состојби може да носат висок ризик за самоубиство кај мажите. Она што можете да го направите за да се грижите за вашето ментално здравје е:
- Правете повеќе работи во кои уживате и ви помагаат да се ослободите од стресот.
- Поминете време со пријателите и саканите.
- Разговарајте со некого пријател, член на семејството, колега за тоа низ што поминувате, особено ако се чувствувате преоптоварени. Можете исто така за овие нешта да се консултирате и со здравствен работник или други лица за подршка.
-
Подготвил:Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјанaмедицина
|






























































































