PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 734 |
Посети (овој месец): | 4572 |
Посети (оваа година): | 114595 |
Посети (вкупно): | 1108137 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
7 АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
„ Моето здравје, мое право“. Низ светот, правото на здравје на милиони луѓе од година во година e се повеќе под закана. Болестите и катастрофите се причина за смрт и инвалидитет кај луѓето. Конфликтите ги уништуваат животите на луѓето, предизвикуваат смрт, болка, глад, психичка вознемиреност. Согорувањето на фосилните горива ја потикнува климатската криза и ни го одзема правото да дишеме чист воздух, па оттука, загадувањето на воздухот во затворен простор и надвор одземаат живот на секои 5 секунди. Советот на Светската здравствена организација за економија на здравјето за сите утврди дека најмалку 140 земји го признаваат здравјето како човеково право во нивниот устав. Сепак, земјите не донесуваат и не спроведуваат закони за да обезбедат нивното население да има право на пристап до здравствените услуги. Ова го поткрепува фактот дека најмалку 4,5 милијарда луѓе – повеќе од половина од светското население – не биле покриени со основните здравствени услуги во 2021 година. За да се одговори на овие видови предизвици, темата на Светскиот ден на здравјето за 2024 година е „ Моето здравје, мое право“. Туберкулозата (ТБ) и понатаму е еден од најсмртоносните инфективни убијци во светот. Секој ден, над 4000 луѓе ги губат своите животи од ТБ, а близу 30.000 луѓе заболуваат од оваа болест која може да се спречи и може да се излечи. Глобалните напори за борба против туберкулозата спасиле околу 66 милиони животи од 2000 година. Сепак, пандемијата COVID-19 го промени долгогодишниот напредок постигнат во борбата за ставање крај на ТБ. За прв пат по повеќе од една деценија, смртните случаи од ТБ се зголемија во 2020 година. Светски ден на оралното здравје
Секоја година Светскиот ден на оралното здравје има различна тема, а оваа година фокусот е „Среќната уста.... е среќно тело“, подигајќи ја свеста за фактот дека добрата хигиенска орална рутина води до поздрав и посреќен живот.Вашата уста е огледало на вашето тело и го одразува вашето општо здравје и благосостојба.Здравата уста и здравото тело одат рака под рака. Одржувањето на здрава уста е од клучно значење за одржување на правилно функционирање и за одржување на целокупното здравје и квалитетот на животот. Никогаш не е рано или предоцна да почнете да се грижите за вашата уста, вашето тело ќе ви се заблагодари. Хронична бубрежна болест (ХББ) е прогресивно губење на функцијата на бубрезите во период од месеци или години. Секој од вашите бубрези има околу милион мали филтри, наречени нефрони. Ако нефроните се оштетени, тие престануваат да работат. За некое време, здравите нефрони можат да преземат дополнителна работа. Но, ако штетата продолжи, се повеќе и повеќе нефрони се исклучуваат. По одреден момент, нефроните што ќе останат не можат да ја филтрираат вашата крв доволно добро за да ве одржат здрави. Голема кашлица е акутно респираторно инфективно заболување многу контагиозна, болеста е пратена со напади на карактеристична конвулзивна кашлица која води до хипооксија, заради што е наречена голема кашлица. |
|