PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 740 |
Посети (овој месец): | 12443 |
Посети (оваа година): | 348875 |
Посети (вкупно): | 1342417 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Заштита на децата од мешање во тутунската индустрија
31 мај 2024 година
Тутунот убива осум милиони луѓе во светот секоја година, главно во земјите со низок и среден приход каде живеат 80% од пушачите во светот. Пасивното пушење дополнително предизвикува 1,2 милиони смртни случаи годишно кај непушачите.
Употребата на тутун е водечка причина за повеќекратни видови на рак, како што се карциноми на усната шуплина, рак на белите дробови, црниот дроб, желудникот, цревата и јајниците, како и некои видови леукемија. Тоа придонесува за 25% од сите смртни случаи од рак на глобално ниво, околу 2,5 милиони годишно.
Откажувањето на која било возраст може да направи огромна разлика за корисникот, да го зголеми животниот век и да го подобри квалитетот на животот.
Употребата на тутун ја оптоварува глобалната економија, со околу 1,4 трилиони американски долари трошоци за здравствена заштита и изгубена продуктивност секоја година. Покрај тоа, тутунот има негативно влијание врз економиите поради недозволената трговија, како и врз животната средина и климатските промени. Производството на тутун е поврзано и со кршење на човековите права и детскиот труд.
Според податоците од 2022 година, во светот, најмалку 37 милиони млади луѓе на возраст од 13-15 години користат некаква форма на тутун. Во Европскиот регион на СЗО, 11,5% од момчињата и 10,1% од девојчињата на возраст од 13-15 години се корисници на тутун (4 милиони).
Земјите-членки на Светската здравствена организација го создадоа Светскиот ден без тутун во 1987 година за да го привлечат глобалното внимание на епидемијата на тутун, смртта и болестите што може да се спречат. Во 1987 година, Светското здравствено собрание ја усвои резолуцијата WHA40.38, повикувајќи на 7 април 1988 година да биде „Светски ден за забрана на пушење“. Но во 1988 година, беше донесена резолуцијата WHA42.19, со која се повикува на одбележување на Светскиот ден без тутун, секоја година на 31 мај.
Овогодишната тема на Светскиот ден без тутун (WNTD) е „Заштита на децата од мешање во тутунската индустрија“. Фокусот е на мобилизирање меѓународни напори за донесување посилни регулативи кои ги штитат младите од штетните тутунски производи и измамничките рекламни практики.
Тутунската индустрија е насочена кон младите за да продолжи да прави приходи од милијарди долари, за да ги замени милионите клиенти кои умираат и оние кои се откажуваат од употребата на тутун секоја година. За да се постигне оваа цел, таа работи на создавање средина што промовира прифаќање на нејзините производи кај следната генерација, вклучувајќи ја и лабавата регулатива за да се осигура дека нејзините производи се достапни. Индустријата, исто така, развива производи и тактики за рекламирање што им се допаѓаат на децата и адолесцентите, достигнувајќи ги преку социјалните медиуми и платформите за стриминг.
Производите како што се електронските цигари и никотинските торбички добиваат популарност кај младите. Се проценува дека 12,5% од адолесцентите во европскиот регион користеле е-цигари во 2022 година во споредба со 2% од возрасните. Во некои земји од регионот, стапките на употреба на е-цигари кај училишните деца се 2-3 пати повисоки од стапките на пушење цигари.
____________________________________________________________________
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одд.за социјалнa медицина,
Маj, 2024
Извор:https://www.uicc.org/what-we-do/thematic-areas/tobacco-control
https://www.who.int/campaigns/world-no-tobacco-day
|