PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 851 |
Посети (овој месец): | 12554 |
Посети (оваа година): | 348986 |
Посети (вкупно): | 1342528 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на контрацепцијата
Секоја година 26 септември, Светскиот ден на контрацепција, епосветенза подигање на свеста за сексуалните права и контрола при раѓањето. Од првиот ден во 2003 година до денес, целта е да се подигне свеста на новите генерации млади луѓе да бидат информирани и да донесуваат правилни одлуки
, за свет во кој секоја бременост е посакувана.
Денес, Светскиот ден на контрацепција, е поддржан од петнаесет меѓународни партнери, сите со заеднички интерес за водење на грижа за сексуалното и репродуктивно здравје кај младите.
„Здравите семејства се создаваат по избор, а не случајно“(д-р Нафис Садик,поранешен извршен директор на УНФПА –Агенција на Обединетите Нации за сексуално и репродуктивно здравје).
Правото на жената да го избере бројот, времето и растојанието на нејзините деца е фундаментално. Контрацепцијата е составен дел од нејзиното одлучување. Придобивките се многукратни: употребата на контрацепција ги намалува стапките на мајчинска смрт и инвалидитет, смртностa и морбидитетот на новороденчиња и децата, несакана бременост и абортус. Машките и женските кондоми можат да ги намалат сексуално преносливите инфекции. Девојките и жените кои можат да ги планираат своите семејства имаат повеќе можности да го остварат својот потенцијал; тие можат да продолжат со образованието и да учествуваат во економијата, што ќе доведе до попросперитетни, стабилни и правични општества.
Сепак, денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на контрацепција, 257 милиони жени кои сакаат да избегнат бременост не користат безбедни, современи методи на контрацепција. Меѓу причините се загриженоста за несакани ефекти и заблуди за долгорочните ефекти врз плодноста. На некои жени може да им биде забрането да користат контрацепција од нивниот сопруг, партнер или свекор. Некои жени може да се чувствуваат стигматизирани затоа што сакаат да користат контрацепција. Некои жени не знаат за контрацепција, не можат да пристапат до неа или не можат да си ја дозволат.
Сè додека не се постигне универзален пристап до контрацепција, зајакнувањето на жените и родовата еднаквост ќе останат неостварливи. Ваквиот пристап им овозможува на жените и девојките да ја изберат својата иднина, а не случајноста.
Изготвил: Магдалена Јованова, дип.педагог
Одделение за социјална медицина, Септември 2023 година
Извор:
https://www.your-life.com/en/blog/world-contraception-day-2018
https://playsafe.health.nsw.gov.au/2014/09/10/whats-contraception/
https://www.unfpa.org/events/world-contraception-day
|