PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 595 |
Посети (овој месец): | 3392 |
Посети (оваа година): | 443771 |
Посети (вкупно): | 1437313 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Светски ден на крводарителството 2023:
Дајте крв, дајте плазма, споделувајте живот, споделувајте често
14 јуни 2023 година, Светскиот ден на крводарителите повторно ќе се слави низ целиот свет, официјално назначен како годишен настан од страна на Светското здравствено собрание во 2005 година. Денот дава посебна можностда се прослави и да се даде благодарност на доброволните крводарители ширум светот за нивниот дар на крв и стана главен фокус на активностите за постигнување универзален пристап до безбедна трансфузија на крв.
Секоја поединечна донација е скапоцен подарок што спасува живот, а повторената донација е клучот за градење безбедно и одржливо снабдување со крв.
Во многу земји, службите за крв се соочуваат со предизвикот да обезбедат доволно крв на располагање, истовремено обезбедувајќи го нејзиниот квалитет и безбедност. Недостатокот на пристап до безбедна крв и крвни продукти – особено во земјите со низок и среден приход, влијае на сите пациенти, вклучувајќи ги и оние на кои им е потребна редовна трансфузија. Една од стратегиите на СЗО е да им помогне на земјите со низок и среден приход во подобрувањето на достапноста и квалитетот на човечката плазма, вклучително и оптимизирање на искористувањето на плазмата добиена од донирање на целосна крв и зголемување на пристапот на пациентите до терапии со плазма протеини кои спасуваат живот.
Фокус на овогодишната кампања
Слоганот за кампањата за Светскиот ден на крводарителството во 2023 година е „Дајте крв, дајте плазма, споделувајте живот, споделувајте често“. Овогодишната кампања се фокусира на пациентите на кои им е потребна доживотна поддршка за трансфузија и ја нагласува улогата што секој поединец може да ја има, давајќи го вредниот подарок крв или плазма. Исто така, ја нагласува важноста од редовно давање крв или плазма за да се создаде безбедно и одржливо снабдување со крв и крвни продукти кои можат да бидат секогаш достапни, насекаде низ светот, за да можат сите пациенти на кои им е потребна да добијат навремена терапија.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одделение за социјалнaмедицина,
Извор: https://www.who.int/news-room/events/detail/2023/06/14/default-calendar/world-blood-donor-day-2023
|