PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 1011 |
Посети (овој месец): | 6120 |
Посети (оваа година): | 116143 |
Посети (вкупно): | 1109685 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
- 7 АПРИЛ 2014 -
Темата за 2014 година се болестите пренесени со вектор
Светскиот ден на здравјето секоја година се прославува на 7 април за да се одбележи годишнината од основањето на Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година. Секоја година се одбира тема која истакнува област приоритетна за јавното здравје. Овој ден дава можност за поединците во секоја заедница да се вклучат во активности кои можат да придонесат за подобро здравје.
Темата за 2014 година се болестите што се пренесуваат со вектор.
Повеќе од половина од светското население е изложено на ризик од болести како што се маларија, денга, лајшманијаза, Lyme болеста, шистозомијаза и жолта треска, кои ги пренесуваат комарци, муви, крлежи, водени полжави и други пренесувачи. Секоја година повеќе од една милијарда луѓе се заразуваат и повеќе од еден милион луѓе умираат од болестите пренесени со вектор. На овој Светски ден на здравјето -7 април- СЗО ја истакнува сериозната и зголемената закана од со вектор пренесените болести, со слоганот „Мал убод, голема закана“.
СЗО, исто така, нагласува дека овие болести можат целосно да се спречат. Новообјавената публикација „A global brief on vector-borne diseases“ ги нагласува чекорите кои владите, општествените заедници и семејствата можат да ги преземат за да ги заштитат луѓето од инфекции.
Д-р Маргарет Чен, генерален директор на СЗО, истакнува дека „Глобалната здравствена агенда којашто дава поголемо значење на контролата на векторите, може да спаси многу животи и да ги спречи страдањата од овие болести. Едноставните интервенции како завеси за кревет со инсектицид и прскањето со спреј на внатрешните простории, веќе спасиле милиони животи. “Во 21-от век никој не треба да умре од каснување од комарец, мува или од крлеж“.
Болестите пренесени со вектор го напаѓаат најсиромашното население, особено онаму каде што недостигаат адекватни услови за домување, безбедна вода за пиење и основни хигиенски услови. Луѓето со лоша исхрана и оние со слаб имунитет се особено осетливи на овие болести.
|