ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЗА КОИ Е НЕОПХОДНА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Проверете дали земјата каде сакате да патувате се наоѓа на една од наведените листи под А и Б .
Доколку земјата во која сакате да патувате се наоѓа на една од наведените листи, со цел да го заштитите сопственото здравје и здравјето на најблиските обратете се до најблискиот Центар за јавно здравје и почитувајте ги дадените препораки од здравствените работници .
A.Листа на држави за кои е неопходна превентивна здравствена заштита, согласно документот на СЗО “Меѓународно патување и здравје“,2012
(тропски и карантински болести)
Авганистан
Алжир
Ангола
АрапскаРепублика
Аргентина
Азејберџан
Бангладеш
Белисе
Бенин
Бутан
Боливија
Боцвана
Бразил
Брегот на Слоновата Коска
Буркина Фасо
Бурунди
Вануату
Венецуела
Виетнам
Габон
Гамбија
Грузија
Гана
Гватемала
Гвинеја
Гвинеја-Бисао
Гвајана
Демократска Народна Република Кореа
Демократска Република Конго (Заир)
Доминиканска Република
Еквадор
Ел Салвадор
Екваторијална Гвинеја
Еритреа
Ерменија
Етиопија
Замбиа
Зелено'ртски Острови
Зимбабве
Индија
Индонезија
Иран
Ирак
Источен Тимор
Јемен
Јужна Африка
Камбоџа
Камерун
Кенија
Кина
Киргистан
Колумбија
Коморски острови
Конго
Костарика
Лаос
Либерија
Мадагаскар
Малави
Малезија
Мали
Мавританија
Мајот (француски територијални колективитет )
Мексико
Мароко
Мозамбик
Мијанмар (порано Бурма)
Намибија
Непал
Никарагва
Нигер
Нигерија
Пакистан
Панама
Папуа Нова Гвинеја
Парагвај
Перу
Република Кореа
Руанда
Сао Томе и Принсипе
Саудиска Арабија
Сенегал
Сиера Леоне
Сирија
Сомалија
Судан
Суринам
Свазиленд
Таџикистан
Танзанија, Обединета Република
Тајланд
Того
Турција
Туркменистан
Тувалу
Узбекистан
Филипини
Француска Гвајана
Хаити
Хондурас
Централно Африканска Република
Чад
Џибути
Шри Ланка
Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во земји од листата„ А“ , каде што постои ризик од инфекција со тропски и карантински болести (пример: маларија, жолта треска, колера и друго.), пред нивното патување да се пријават во регионалните Центри за јавно здравје или нивните подрачни единици, односно во Центарот за јавно здравје Скопје , каде ќе ги добијат потребните информации и здравствени совети за превентивни мерки пред патувањето во овие земји, соодветна профилактичка терапија или вакцинација, доколку е потребна пред патувањето, за време на престојот и по враќањето од земјите наведни во листата.
Б.Листа на држави со ендемска / епидемиска форма на полиомиелитис –
детска парализа:
Пакистан
Авганистан
Нигерија
Сомалија
Кенија
Камерун
Етиопија
Сириската Арапска Република
Сите лица кои патуваат во земји кадешто е регистрирана ендемска појава на полиомиелитис ( болеста е постојано присутна) и епидемискa појава на полиомиелит (моментално се присутни активни епидемии на полиомиелитис), (листа Б ), потребно е пред патување да се обратат во регионалниот Центар за јавно здравје односно во Центарот за јавно здравје Скопје.
Патниците кои патуваат во овие ризични земји, во 10-те регионални Центри за јавно здравје/нивните подрачни единици, односно во Центарот за јавно здравје Скопје , може да ги добијат информации за потребата од преземање на превентивни мерки во врска со патувањето, стручен совет за постапување/однесување при патувањето и соодветна вакцинација за заштита од полиомиелит –детска парализа ,при нивниот престој во овие земји.
Сите патници кои патуваат во и од региони зафатени со полиомиелит, треба да бидат соодветно вакцинирани.
Пред патување во региони каде има регистрирани случаи на полиомиелит, патниците треба да се осигураат дека ја имаат комплетирано вакцинацијата против ова заболување, согласно националниот календар за имунизација.
- ØПатниците кои одат во земји зафатени со полио, а кои претходно примиле три или повеќе дози на орална полио вакцина(OPV) или инактивирана полио вакцина (IPV), исто така треба да примат една доза од вакцината пред поаѓање.
- ØПатниците кои одат во земји зафатени со полио, а кои претходноне биле вакцинирани, треба да бидат примовакцинирани (да ја добијата комплетната серија на примовакцинација, која се состои од три дози на полио-вакцина, на расојание од 4 недели), пред поаѓањето.
Совет до сите патници е да го носат со себе вакциналниот картон, Меѓународниот сертификат за вакцинација и профилакса, IHR 2005 ,бидејќи може да им се бара доказ за вакцинација против полио при влез во некои земји.
ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК
Институт за јавно здравје - Скопје централа 3125 044, 3119 419, 3226 510, 3223 033
Центар за јавно здравје -Битола 047/208 - 100
ПЕ Кичево 045/225-158
Центар за јавно здравје - Прилеп 048/ 427 - 475
ПЕ Крушево 048/476-559
Центар за јавно здравје-Тетово 044/ 331 - 233
ПЕ Гостивар 042/213-181
Центар за јавно здравје - Велес 043/ 233 - 202
ПЕ Кавадарци 043/413-807
ПЕ Неготино 043/361-662
ПЕ Свети Николе 032/442-255
ПЕ Гевгелија 034/213-681
Центар за јавно здравје - Охрид 046/ 250 - 127
ПЕ Струга 046/786-010
ПЕ Дебар 046/832-269
Центар за јавно здравје - Струмица 034/ 324 - 495
ПЕВаландово 034/382-420
Центар за јавно здравје - Штип 032/ 386 -220
ПЕ Радовиш 032/635-383
ПЕ Пробиштип 032/484-227
Центар за јавно здравје - Кочани 033/ 270 - 688
ПЕ Делчево 033/411-905
ПЕ Пехчево 033/441-200
ПЕ Берово 033/471-742
ПЕ Виница 033/362-382
Центар за јавно здравје Куманово 031/ 421-322
ПЕ Кратово 031/481-643
ПЕ Крива Паланка 031/374-979