PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 43 |
Посети (овој месец): | 27907 |
Посети (оваа година): | 105858 |
Посети (вкупно): | 1099400 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ИЗВЕСТУВАЊЕ за меѓународни патници кои патуваат во полио ризични земји, согласно препораките на Светска Здравствена Организација (СЗО)
Сите патници кои патуваат во земјите кои се ендемски и/или има појава на случаи на заболени од полио вирусот, НЕОПХОДНО е пред патување да добијат дополнителна доза на Полио вакцина .
Согласно препораките на СЗО, од 28.11.2013, овие земји се:
1.Авганистан
2.Нигерија
3.Пакистан
4.Етиопија
5.Камерун
6.Сомалија
7.Сирија
8.Кенија
9.Израел
10.Западниот Брег и Газа
За таа цел ги информираме граѓаните на Република Македонија дека пред почетокот на меѓународното патување, потребно е да се обратат до Центарот за Јавно Здравје - Скопје каде ќе добијат информација за потребата од превенција и вакцинација против полиомиелитис (детска парализа) за патување во соодветната држава.
Полиомиелитис (детска парализа) е високо заразно вирусно заболување, кое најмногу ги опфаќа младите деца. Вирусот се пренесува преку контаминирана храна и вода, и се размножува во цревата, од каде што може да го нападне и нервниот систем. Многу инфицирани луѓе немаат никакви симптоми, но го лачат вирусот во нивниот измет, па оттука инфекцијата може да се пренесе и на други лица.
Почетните симптоми на детската парализа вклучуваат треска, замор, главоболка, повраќање, вкочанетост на вратот, и болка во екстремитетите. Во мал дел од случаите, болеста предизвикува парализа, која често е постојана. Полиомиелитисот може да се спречи само со вакцинација
|