PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 4 |
Посети (овој месец): | 4 |
Посети (оваа година): | 383000 |
Посети (вкупно): | 1376542 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Ноември е месец на свесност за здравјето на мажите. На глобално ниво, мажите умираат во просек шест години порано од жените, и тоа од причини кои во голема мера може да се спречат. Овие статистички бројки не мора да бидат така:
Сите можеме да превземеме акција за да живееме поздрав, посреќен и подолг живот.
Овој месец е посветен на подигање на свеста за широк спектар на машки здравствени проблеми со кој се соочуваат мажите и младите момчиња.
Некои здравствени проблеми се специфични за мажите. Тие вклучуваат предвремена ејакулација,проблеми со простата и тестостеронот и др.. Други здравствени проблеми како што се: алопеција, срцев удар, хипертензија, висок холестерол, инконтиненција и инфекции на уринарниот тракт, ги погодуваат и мажите и жените. Заедничка загриженост се и алкохолизмот, злоупотребата на наркотици, пушењето, дебелината и стресот.
Некои мажи не сакаат да бараат помош, затоа е најдобро, да се охрабрат да побараат помош или да разговараат со пријател, член на семејството или колега.
Movember истакнува повеќе клучни активности што може да се превземат за да се подобри физичкото/менталното здравје кај мажите:
- Поминувајте повеќе време со луѓе кои прават да се чувствувате добро.
- Вашите сопружници се важни, и дружењето со нив е добро за Вас и Вашето здравје.
- Редовно следете се, контролирајте се и одвојте време за себе.
- Зборувајте, повеќе.
- Не мора да бидете експерт и не мора да биде единствено решение, но треба да се биде тука за некого, да се слуша и да се даде време за да може да се спаси живот.
- Над 50 години, разговарајте со вашиот лекар за ракот на простата и дали е правилно да направите ПСА тест.
- Дознајте го ризикот.
- Дознајте што е нормално за вашите тестиси, а што не. Редовно проверувајте се и одете на лекар ако не се чувствувате добро.
- Движете се, повеќе.
- Додајте повеќе активност во вашиот ден. Направете повеќе од она што ве прави да се чувствувате добро.
- Направете пешачки состанок.
- Паркирајте се подалеку од станицата.
- Слезете од автобуската постојка една или две станици порано.
- Наместо со лифт, користете ги скалите.
- Возете велосипед до работа наместо да возите автомобил.
Практикувајте здрави навики кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата благосостојба.
Изготвил: Магдалена Јованова, дип.педагог/ Одделение за социјална медицина
Ноември, 2023 година
Извор:
https://humberandnorthyorkshire.org.uk/mens-health-awareness-month-and-international-mens-day/
|