PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 0 |
Посети (овој месец): | 0 |
Посети (оваа година): | 382996 |
Посети (вкупно): | 1376538 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
10 ОКТОМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
НАПРАВЕТЕ ГО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ БЛАГОСОСТОЈБА ЗА СИТЕ КАКО ГЛОБАЛЕН ПРИОРИТЕТ
Ковид пандемијата продолжува да го зема својот данок врз нашето ментално здравје, откука, Светскиот ден на менталното здравје 2022 година, ќе ни даде можност повторно да ги поттикнеме нашите напори за заштита и негово подобрување. Многу аспекти на менталното здравје се предизвикани и пред пандемијата во 2019 година, се проценува дека еден од осум луѓе на глобално ниво живееле со ментално растројство.
Во исто време услугите, вештините и финансирањата достапни за менталното здравје недостигаат и се под нивото од она што е потребно, особено во земјите со низок и среден раст.
Пандемијата со Ковид-19 создаде глобална криза за менталното здравје, поттикнувајќи краткорочни и долгорочни стресови и нарушувајќи го менталното здраје на милиони луѓе. На светско ниво, проценките покажуваат дека порастот на аксиозноста и депресивните растројства е повеќе од 25% во текот на првата година од пандемијата. Во исто време, услугите за менталното здравје се сериозно нарушени и јазот во третманите за состојбите со ментално здравје се зголеми.
Растечките социјални и економски нееднаквости, долготрајните конфликти, насилството и вонредните состојби во јавното здравје влијаат врз населението и нивното ментално здравје. Во текот на 2021 година милиони луѓе ширум светот биле принудно раселени. Мора да се продлабочи вредноста и посветеноста што се даваат за ментално здравје како поединци, заедница и влади и да се усогласи таа вредност со поголема посветеност, ангажираност и инвестиции од сите засегнати страни, во сите сектори. Мора да се зајакне грижата за менталното здравје, така што целосниот спектар на потреби за ментално здравје да биде задоволен преку мрежа на пристапни, достапни и квалитетни услуги и поддршка заснована на заедницата.
Стигмата и дискриминацијата продолжуваат да бидат бариера за социјалната вклученост и пристапност до вистинска грижа. Важно е сите да ја играме својата улога во зголемување на свеста, за тоа кои превентивни интервенции функционираат за менталното здравје, а Светскиот ден на менталното здравје има за цел да го направи тоа колективно.
СЗО ќе работи со своите партнери за да започне кампања околу темата "Менталното здравје и благосостојба за сите да се направи глобален приоритет". Ова ќе биде можност за луѓето со ментални здравствени состојби, застапниците, владите, работодавците, вработените и другите засегнати страни да се обединат за да го препознаат напредокот на ова поле и да бидат гласни за тоа што треба да направиме за да обезбедиме -Менталното здравје и благосостојба да стане глобален приоритет за сите.
Изработил:
Семира Саити, дип. правник
|