PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 317 |
Visits (this month): | 18536 |
Visits (this year): | 204896 |
Visits (total): | 1681925 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Европски акциски план за ментално здравје 2013-2020 година
Менталните нарушувања се едни од најголемите јавно-здравствени предизвици во Eвропскиот регион на СЗО, кои секоја година влијаат врз 25% од населението. Во сите земји менталните здравствени проблеми се многу пораспространети меѓу оние кои се најсиромашни. Затоа и Европскиот регион на СЗО се соочува со различни потреби поврзани со (1) менталната благосостојба на населението и со (2) обезбедувањето и квалитетот на здравствената заштита за лицата со проблеми во менталното здравје.
Акцискиот план за ментално здравје во Европскиот регион се фокусира на седум меѓусебно поврзани цели и предлага ефективни активности за зајакнување на менталното здравје и благосостојба. Инвестирањето во менталното здравје е од суштинско значење за одржливоста на здравствените и социо-економските политики во Европскиот регион. Европскиот акциски план за ментално здравје соодветствува со четири приоритетни области од Европската рамковна политика за здравје и благосостојба, Здравје 2020, и директно ќе придонесе за нејзино спроведување.
Седумте цели,од кои првите четири се суштински, го покриваат целиот опсег на овој акциски план. Тие се:
- Секој има еднаква можност да ја реализира менталната благосостојба во текот на својот животен век, особено оние кои се најранливи или се изложени на ризик;
- Луѓето со ментални здравствени проблеми се граѓани чии човекови права целосно се ценат, се штитат и се промовираат;
- Услугите за ментално здравје се физички достапни и финансиски пристапни, на располагање во заедницата во согласност со потребите;
- Луѓето имаат право на пристојно, безбедно и успешно лечење;
- Здравствените системи обезбедуваат добра физичка и ментална здравствена заштита за сите;
- Системите за ментално здравје работат во добро координирано партнерство со други сектори;
- Управувањето со менталното здравје и давањето на здравствени услуги се води од добри информации и знаење.
Четирите приоритетни области од Европската рамковна политика за здравје и благосостојба, Здравје 2020, се преточени низ следниве Анекси:
АНЕКС 1. Состојбата на менталното здравје во Европскиот Регион
Менталните нарушувања се еден од најзначајните предизвици на јавното здравје во Европскиот регион, мерено според преваленцата, оптовареноста со болест или ивалидитет. Се проценува дека менталните нарушувања секоја година влијаат на повеќе од една третина од населението, а од нив најчести се депресијата и анксиозноста. Депресивното нарушување е двапати почесто кај жените отколку кај мажите. Кај околу 1-2% од населението се дијагностицирани психотични нарушувања, подеднакво кај мажите и жените, а 5,6% од мажите и 1,3% од жените имаат нарушувања поради користење на недозволени супстанци. Старото население резултира со зголемена преваленца на деменција; типично страдаат 5% од луѓето над 65 години и 20% од оние над 80 години. Во сите земји менталните нарушувања покажуваат тенденција да бидат со поголема преваленца меѓу најсиромашните.
Менталните нарушувања се далеку најзначајни хронични состојби кои влијаат на населението во Европа, се смета нешто под 40%. Само униполарното депресивно растројство е одговорно за 13,7% од оптовареноста на лицата со хендикеп, што го прави една од водечките хронични состојби во Европа. На второ место се нарушувањата поврзани со злоупотреба на алкохолот (6,2%), на седмо место Алцхајмеровата и други деменции (3,8%), и шизофренијата и биполарните нарушувања на единаесетото и дванаесетото место.
Менталните нарушувања се силно поврзани со самоубиставото. Стапките на самоубиства се многу високи споредено со други делови во светот. Просечната годишна стапка на самоубиства во Европскиот регион е 13,9 на 100,000 жители, но постојат широки варијации. Сите девет земји со највисока стапка на самоубиства во светот, се во Европскиот регион.
Лицата со душевни растројства покажуваат порана смртност од општата популација; често умираат дури и 20 години помлади. Една од причините е високата стапка на самоубиства, но главен фактор е високата преваленца на хронични болести како кардиоваскуларни болести, рак и дијабет.
АНЕКС 2. Развојни политики
Во резолуцијата за Глобалноздравје и надворешна политикаусвоена од страна на Генералното собрание на ОН, на 65-та седница во 2011 година, е прифатено дека проблемите со менталното здравје се од голема важност за сите општества и дека тие имаат значаен придонес во оптовареноста со болести, во губитокот на квалитетот на животот и имаат висока економска и социјална цена.
Светското здравствено собрание усвои резолуцијаво 2012 година, барајќи сеопфатен Глобален акциски план за ментално здравје кој ќе ги покрие услугите, политиките, законите, плановите, стратегиите и програмите (1) за да се обезбеди третман, да се олесни оздравувањето и да се спречи повторување на менталните нарушувања, (2) за да се промовира менталното здравје и (3) за да се поддржат луѓето со ментални нарушувања да живеат исполнет и продуктивен живот во заедницата.
Овој сеопфатен Акциски план за ментално здравје е усвоен во мај 2013 година од страна на Светското здравствено собрание (WHA66.8).
АНЕКС 3. Модел: круг на ментална благосостојба17
Менталните нарушувања влијаат на благосостојбата: луѓето со душевно растројство имаат послаб пристап до образование, имаат висок степен на невработеност, ниски примања и се често социјално изолирани.
Присуството на ментално нарушување е многу веројатно дека ќе го зголеми ризичното однесување: пушење, злоупотреба на алкохол, лоша исхрана, слаба физичка активност; сите овие ризици се многу почести кај лицата со проблеми во менталното здравје.
Едно лице со нарушено ментално здравје е со повисок ризик од дебелост, кардиоваскуларна болест, рак, дијабет, самоубиство, заради факторите кои се последица од нарушувањата, ризичното однесување и несаканите ефекти од лековите.
Луѓето со ментални нарушувања се исто така изложени на ризик од непочитување на човековите права, како на нивните општи права, така и на оние права кои се однесуваат на лицата со хендикеп. Тие се изложени и на негативни последици во заедницата како што се стигма и дискриминација, и во институциите, каде можат да страдаат од запоставување и злоупотреба.
Присуството на ментално растројство може да ја намали достапноста, обезбедувањето и квалитетот на услугите во јавниот и приватниот сектор на здравствени услуги и може да го зголеми измачувањето, исклучувањето, заболеноста и смртноста. Сепак, денес постојат докази кои овозможуваат планирање на интервенции кои ја спречуваат, ублажуваат и дури ги свртуваат во спротивен правец ваквите штетни и непожелни последици.
АНЕКС 4. Европска регионална комисија на СЗО за Европскиот акциски план за ментално здравје
Регионалната комисија му оддава признание на пристапот кој го предлага Европскиот акциски план за ментално здравје, а кој е меѓусебно зависен и интегриран со другите стратегии и политикина СЗО, како што е Здравје 2020, Европската рамковна политика за здравје и благосостојба, и Европскиот акциски план за имплементација на Европската стратегија за превенција и контрола на незаразните болести 2012-2016 година.
Регионалната комисија ги повикува меѓународните, меѓувладините и невладините организации, здруженијата на корисници и здруженијата на нивните семејства и професионалните здруженија, да ја поддржат имплементацијата на Акцискиот план.
Регионалната комисија бара Регионалниот директор да обезбеди техничка помош за имплементација на Акцискиот план и да даде извештај за напредокот до 2017 година.
Декември, 2015
Извор: WHO Regional Office for Europe
Подготвил: Бранка Крстев,дипл. социјален работник;
|






























































































