PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Attendance
Visits today: | 469 |
Visits (this month): | 15386 |
Visits (this year): | 201746 |
Visits (total): | 1678775 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
БЕЗБЕДНО ДОЕЊЕ UNICEF / WHO 2021
|
Доењето е едно од најбезбедните начини да се обезбеди детското здравје и опстанок. Сепак, приближно 2 од 3 деца не се доволно доени во текот на препорачаните 6 месеци, при што таа состојба е непроменета во последните 2 декади. Мајчиното млеко е идеална храна за доенчињата.
Тоа е безбедно и чисто, и содржи антитела кои му помагаат на доенчето во заштитата од многу детски заболувања. Исто така, мајчиното млеко ја обезбедува енергијата и нутриентите кои му се потребни на доенчето во првите месеци од животот, како и половината од наведените потребни материи во втората половина од првата година, и третина од потребните материи во втората година од животот. Децата хранети со мајчино млеко покажуваат поинтензивна тенденција на психички развојни способности, се наоѓаат во помал ризик од појава на прекумерна телесна тежина, како и во помал ризик од развој на шеќерна болест. Истовремено, кај мајките кои дојат постои редукција на ризикот за појава на карцином на дојка и оваријален карцином. Во врска со безбедноста на доењето при пандемија на COVID-19, доказите во корист на поддршката на доењето се предоминантни, бидејќи трансмисија на вирусот преку мајчино млеко не е докажан. Мерките на претпазливост се состојат во: носење на маска при доењето, миење на раце со сапун и вода, односно со марамче за раце со алкохол, и одржување на лична хигиена на градниот регион кај доилката. Вакцинирањето во тек на доењето е безбедно и препорачано.Заедничката изјава на Извршната директорка на UNICEF (УНИЦЕФ) Хенриета Фор и Генералниот директор на WHO (СЗО) Д-р Тедрос Адханом Гебрејесус,која се однесува на безбедното доење, а во состав на Неделата на безбедно доење 2021, од ден 01 август 2021, го акцентира доењето како централен момент во напорите на владите, цивилното општество и приватниот сектор, за реализација на глобалната посветеност кон елиминацијата на детската неухранетост. Предвидените напори се дефинирани со:поддршка на меѓународните регулативи за супститути на мајчиното млеко, во насока на заштита на мајките од агресивните маркетинг пракси во делови од индустријата за супститути на млекото;акцентирање на потребата од лесен пристап до податоци и ресурси за здравствените работници кои работат во промоција на безбедното доење и поддршка на мајките кои дојат, во вид на Болничка иницијатива за безбедно доење, и Насоки за безбедно доење;сугестија кон работодавците да дозволуваат доволно слободно време и простор за мајките кои дојат, како и платено породилно отсуство и отсуство за мајчинска грижа, и пристап кон квалитетна негаи реализација на детските права и бенефити. Се акцентира детското право од непречен пристап кон здрава, квалитетна и безбедна храна, со цел поддршка на детското здравје и развој.
UNICEF (www.unicef.org) / WHO (www.who.int) (04.08.2021)
Изработил: Д-р Методи Манев / Одделение за социјална медицина
|






























































































