PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 143 |
Посети (овој месец): | 6630 |
Посети (оваа година): | 116653 |
Посети (вкупно): | 1110195 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ВО ПЗЗ ВО ВРСКА СО СКРИНИНГОТ ЗА КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ ги известуваме матичните лекари од пзз дека центарот за јавно здравје-скопје доби фоб тестови кои Одделението за социјална медицина, почнувајќи од месец јануари 2014 година, ќе ги дистрибуира при прием на кварталните извештаи.
За евентуални прашања контактирајте не на телефон: 3298 667 локал 165. Лице за контакт: Бранка Крстев. Одделението за социјална медицина при Центарот за јавно здравје Скопје отпочна со активностите за прибирање на податоци за вработените во здравствените установи на територијата на Скопскиот регион, во согласност со Законот за евиденции во здравството и според Образец бр. 3-00-60. За таа цел неопходно е секоја здравствена установа да го пополни прецизно и точно помошниот образец за вработените дистрибуиран до сите здравствени установи во печатена форма. Образецот во електронска форма е поставен на сајтот на Центарот, www.chp.mk, под „Служби“, „Социјална медицина“, „Упатства и препораки“.За било какви појаснувања Ве молиме да се обратите на тел. бр. 3298667, л.165 и л.169. ИЗВЕСТУВАЊЕ за меѓународни патници кои патуваат во полио ризични земји, согласно препораките на Светска Здравствена Организација (СЗО) Сите патници кои патуваат во земјите кои се ендемски и/или има појава на случаи на заболени од полио вирусот, НЕОПХОДНО е пред патување да добијат дополнителна доза на Полио вакцина . Реконструкција на објектот во ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје Во Центарот за јавно здравје Скопје е започната реконструкција на објектот, согласно планот за 2013 година. Реконструкцијата започна во ноември во Одделение за микробиологија и трае во континуитет се додека не биде завршена за целиот објект. Одделението за социјална медицина при Центарот за јавно здравје–Скопје ја иницираше и ја реализира идејата, јавно, со Благодарница, да им се заблагодари на директорот на СУГС "АРСЕНИ ЈОВКОВ" и на персоналот во целост, за континуираната успешна соработка во областа на здравствената едукација и промоцијата на здравјето на младите во Скопје. 1-ВИ ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДА-ТА
Проценето е дека во светот, во 2012 година, 35.3 (32.2-38.8) милиони лица живееле со ХИВ. Ова претставува зголемување споредено со претходните години бидејќи повеќе луѓе примаат антиретровирусна терапија која го спасува животот. Во 2012 година имало вкупно 2.3 (1.9-2.7) милиони нови случаи со ХИВ инфекција, што покажува опаѓање од 33% на бројот на нови инфекции од 3.4 (3.1-3.7) милиони во 2001 година. Истовремено, бројот на случаи со смртен исход од СИДА, исто така се смалува на 1.6 (1.4-1.9) милиони умрени од СИДА во 2012 година, намалено од 2.3 (2.1-2.6) милиони во 2005 година. (Преземено од UNAIDS report on the global AIDS epidemic 2013) Членовите на мисијата за проценка на јавно-здравствениот систем во Република Македонија, експертите од СЗО, Dr. Maria Ruseva и Dr. Richard Alderslade, предводени од м-р Снежана Чичевалиева, шеф на Канцеларијата на СЗО во Република Македонија, во петокот на 15-ти ноември остварија работна средба во Центарот за јавно здравје-Скопје со раководниот тим предводен од директорот д-р Shemsi Musa, специјалист по хигиена. При тоа, членовите на мисијата беа детално запознаени со значењето на Центарот во системот на здравствената заштита, неговата мисија, организација, начин на финансирање, кадровска обезбеденост и особено детално за работата на превентивните дејности кои оваа установа ги обединува. |
|