PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 90 |
Посети (овој месец): | 9272 |
Посети (оваа година): | 119295 |
Посети (вкупно): | 1112837 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
МЕСЕЦ НА СВЕСНОСТ ЗА РАК НА ДОЈКА
Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, е создаден во 1985 година, со цел да се промовира скрининг и превенција на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД, односно 2,3 милиони жени ширум светот.
Најпознат по својата розова боја, во овој месец Октомври се одржуваат голем број кампањи и програми, кои ги спроведуваат здруженија и организации. Најчесто тие нудат поддршка на луѓето на кои им е дијагностициран рак на дојка, вклучувајќи метастатски карцином на дојка, потоа, едукација на луѓето за факторите на ризик за рак на дојка, а исто така ја нагласуваат и важноста од редовен скрининг, почнувајќи од 40 годишна возраст или возраст што е соодветна за личниот ризик од рак на дојка.
Во 2022 година во САД, се проценува дека 43.780 луѓе, од кои 43.250 жени и 530 мажи, ќе умрат од рак на дојка. Околу 9 отсто од сите нови случаи на рак на дојка во САД се откриени кај жени помлади од 45 години. Ризикот од рак на дојка се зголемува како што жените стареат. Црните жени имаат помала веројатност да бидат дијагностицирани со рак на дојка од белите жени, но имаат 41% поголема веројатност да умрат од оваа болест. Околу 170.000 луѓе во Америка живеат со метастатски рак на дојка.
Самиот факт што жената е жена, како и процесот на стареење, се двата најголеми ризик фактори за ова заболување. Тие фактори тешко се менуваат, но затоа можете да ги промените другите фактори на ризик, како што се пушењето, пиењето алкохол и нередовното вежбање.
Редовните самопрегледи на дојките, годишниот преглед од страна на вашиот лекар и мамографијата која се прави еднаш годишно, се важни алатки за откривање на рак на дојка, посебно за раното откривање, кога ракот може да се лекува.
Во рамки на месецот посветен на борбата против ракот на дојка, во Република Северна Македонија, жените на возраст од 40 до 44 години, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија.
Подготвил: Вјолца Бериша, дипл. проф. по одд. настава, Одделение за социјална медицина
Извор: https://www.breastcancer.org/about-breast-cancer/breast-cancer-awareness-month
|