PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 732 |
Посети (овој месец): | 13166 |
Посети (оваа година): | 123189 |
Посети (вкупно): | 1116731 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
14 НОЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ
Дијабетесот е хронична, метаболна болест која се карактеризира со покачено ниво на гликоза во крвта (или шеќер во крвта), што со тек на време доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите. Најчест е дијабетес тип 2, обично кај возрасни, кој се јавува кога телото станува отпорно на инсулин или непроизведува доволно инсулин.
Во изминатите три децении, преваленцата на дијабетес тип 2 драстично се зголеми во земјите со различно ниво на приход. Дијабет тип 1, некогаш познат како јувенилен дијабет или дијабет зависен од инсулин, е хронична состојба во која панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин сам по себе. За луѓето кои живеат со дијабет, пристапот до третман, вклучително и инсулин, е од клучно значење за нивниот опстанок. Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, мнозинството живеат во земји со низок и среден приход, а 1,5 милиони смртни случаи директно се припишуваат на дијабетес секоја година. И бројот на случаи и преваленцата на дијабетес постојано се зголемуваат во последните неколку децении.
СИМПТОМИ
Симптомите на Дијабет тип 1 вклучуваат потреба за често мокрење, жед, постојан глад, губење на тежината, промени во видот и замор. Овие симптоми може да се појават одеднаш. Симптомите за Дијабетес тип 2 се генерално слични на оние на Дијабетес тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, болеста може да се дијагностицира неколку години по почетокот, откако веќе ќе се појават компликации. Поради оваа причина, важно е да се внимава на факторите на ризик.
ПРЕВЕНЦИЈА И ТРЕТМАН
Дијабет тип 1 во моментов не може да се спречи. Достапни се ефективни пристапи за спречување на дијабет тип 2 и за спречување на компликации и прерана смрт што може да резултира од сите видови дијабетес. Тие вклучуваат политики и практики за целата популација и во одредени услови (во училиште, дом, работно место) кои придонесуваат за добро здравје за секого, без разлика дали имаат дијабетес, како што се редовно вежбање, здрава исхрана, избегнување пушење и контрола на крвниот притисок и липиди.
Почетната точка за добро живеење со дијабетес е раната дијагноза - колку подолго личноста живее со недијагностициран и нетретиран дијабетес, толку е поверојатно дека ќе бидат полоши нивните здравствени исходи. Лесен е пристапот до основната дијагностика, како што е тестот за гликоза во крвта, кој треба да биде достапен во примарната здравствена заштита. На пациентите ќе им треба периодична специјалистичка проценка или третман при компликации.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/Одделение за социјанa медицина
(Ноември, 2021)
|