PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
![]() |
Посетеност
Денешни посети: | 239 |
Посети (овој месец): | 4814 |
Посети (оваа година): | 93666 |
Посети (вкупно): | 829390 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
PCR – тест за Covid-19
Во Центарот за јавно здравје Скопје може да се направи PCR – тест на Covid-19 приватно, за потреби за патување во странство или друга намена.Цената изнесува 2500 денари.
Работното време за земање брисеви за PCR – тест на Covid-19 е од 07,30 до 14,00, од понеделник до сабота.
Нашата молекуларна лабораторија при Центарот за Јавно Здравје Скопје уште на почетокот на пандемијата се вклучи во борбата противSARS CoV 2 вирусот. Изминатиов период Центарот за Јавно Здравје Скопје, инвестираше во најсовремена опрема и специјално обучен кадар и врши детекција на вирусот според современи методи, препорачани од СЗО и CDC.
Tel: 02/3298-269 или 02/3298-667 lokal186
email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Методот според кој се докажува присуство на вирусот во примерокот од пациентот се одвива во 2 чекори.
Првиот чекор е автоматска екстракција на RNA со помош на автоматски екстрактор од вирусот на принцип на современ метод со магнетнипартикули, кој овоможува екстракција на високо квалитетна вирална нуклеинска киселина.
Вториот чекор е мултипликација на изолираната вирусна RNA и специфична детекција на вирусот во примерокот според присуство на специфични за SARS CoV2 таргет гени (N и Е гени). Овие гени се гени за структурни протеини кои се во состав на градбата на вирусот и се строго специфични само за SARS CoV2 вирусот од фамилијата на SARS вируси. Овој метод овозможува детекција на вирусот со висока сентизтивност и го детектира вирусот во пациент кога е присутен со минимум 10 копии од генот.
Центарот за Јавно Здравје Скопје со голема одговорност гарантира за квалитетот на анализите како и за специфичноста и сензитивноста на методот на работа.
|


































































