PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 757 |
Посети (овој месец): | 23472 |
Посети (оваа година): | 75594 |
Посети (вкупно): | 1069136 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ПОТСЕТУВАЊЕ НА МАТИЧНИТЕ гИнеколози ВО ПЗЗЗА ДОСТАВА НА ИЗВЕШТАИ/ПОДАТОЦИ ЗА ИЗВРШЕНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА СКРИНИНГОТ НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА ги известуваме матичните гинеколози од пзз дека Центарот за јавно здравје-скопје, на барање од Институтот за јавно здравје на РМ и Министерството за здравство на РМ, најдоцна до 5-ти октомври треба да ги прибере податоците од третиот квартал во врска со спроведените активности за скрининг на ракот на грлото на матката. За таа цел номинирано одговорно лице е, прим. д-р Марика Каранфилова, податоци за контакт: тел. 3298 667 локал 171. моб. тел. 070 365086, e-mail:mkaranfilova@gmail.com Преземете ги извештајнита Табели: Почитувани, Ве известуваме дека по повод Светскиот ден на срцето, 29-ти септември 2014 година, Ценатрот за јавно здравје Скопје во соработка со СЕПУГС „Арсени Јовков“, организира натпревар на ученици во трчање и брзо одење, како поттик на широката популација и симбол на практикување физичка активност во секојдневието во корист на здравјето на срцето, кардиоваскуларниот систем и општото здравје на поединецот. Во контекст на овогодишното мото за Околина здрава за срцето, локацијата на настанот е на кејот покрај реката Вардар, на локалитетот „Кај Жабарот“, во 10 часот претпладне. Ги повикуваме сите заинтересирани за поддршка со своето присуство во корист на заедничкото здравје.
На 29-ти септември 2014 година приклучете се и учествувајте во најголемата активност во светот против кардиоваскуларните заболувања. На овој Светски ден на срцето, фокусот е поставен врз создавање на средина здрава за срцето. Така луѓето ќе можат да направат избор, здрав за срцето, каде и да живеат, работат или се забавуваат. Светскиот ден на срцето 2014-та, нé охрабрува да го намалиме кардиоваскуларниот ризик по нас и промовира планета здрава за срцето за оние околу нас. 23.09.2014 год. Одделение за епидемиологија - Отсек за имунизација, тропски и карантински болести Поради заминување на аџиите во Мека и Медина, Саудиска Арабија, за да ја обават должноста на исламската вера, во периодот од 09.09.2014 до 22.09.2014 год., во Отсекот за имунизација, тропски и карантински болести, се јавиле на превентивни прегледи 314 патници-аџии. Согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународниот здравствен правилник (ИХР) извршена е активна имунизација, дадена е хемиопрофилакса против маларија и дистрибуиран е едукативен материјал против заболувањата, кои се еднемски и ризични за таа земја. Одделение за хигиена со здравствена екологија во изминатиов период успешно ги реализираше предвидените активности во врска со Националната програма за јавно здравје. Истовремено, значително се зголеми обемот на работата во оддлението како резултат на барањата од клиенти кои се повеќе се грижат за безбедноста и квалитетот на прехранбените производи од сопственото производство, што е во согласност со барањата на законската регулативе во РМ. Состојба со заразната жолтица во Скопје од 01.07.2014 Во периодот од 01.07.2014 до 02.09.2014 година на територијата на Скопје се евидентирани и пријавени 98 случаи на заразна жолтица од типот А. Во околните села не е забележан случај од овој тип жолтица, но во сите градски општини има појава на ова заболување. Најмногу пријавени случаи има во општината Шуто Оризари. Светски ден на превенција од самоубиства, 10-ти септември Светскиот ден на превенција од самоубиства, на 10-ти септември, е организиран од Меѓународното здружение за превенција од самоубиства. Целта на овој ден е да ја зголеми свеста насекаде во светот дека самоубиството може да се спречи. |
|