PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 193 |
Посети (овој месец): | 23741 |
Посети (оваа година): | 75863 |
Посети (вкупно): | 1069405 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
3-ти мај 2016 година, Светски ден на астмата >Можете Да Ја Контролирате Вашата Астма< Светскиот ден на астмата е иницијатива започната во 1988 година од страна на GlobalInitiativeforAsthma (GINA), организација која ги поставува медицинските основни напатствија за контрола на болеста. Секоја година се избира тема која ја подига свеста за причините и ефектите од оваа бронхијална состојба која влијае врз близу 235 милиони луѓе ширум светот.
„Менталното здравје е еден од најголемите јавноздравствени приоритети во Европската Унија (ЕУ). Според податоците од последната студија за Глобалната оптовареност со болести, менталните растројства претставуваат 22%, речиси една четвртина од оптовареноста со болести во ЕУ. Тие ги спречуваат луѓето да уживаат во здравјето и во квалитетот на живеењето и да го реализираат својот целосен потенцијал во работата, образованието и социјалниот живот. Тие наметнуваат сé поголем товар врз системите за здравствена и социјална заштита и врз економијата.“
JohnF. Ryan, в.д. директор за Јавно здравје,
Европска Комисија, Јануари 2016 година
Дебелината и прекумерната телесна тежина Клучни факти:
Светски ден на здравјето 2016: Победи го дијабетот Остани супер - Следи го медицинскиот совет - Храни се здраво
Главна цел на кампањата на Светскиот ден на здравјето 2016, е да се зголеми свеста за порастот на дијабетот, за тешкото оптоварување и последиците кои дијабетот ги создава, особено во земјите со низок и среден доход; и да се отпочне со сет на специфични, ефективни и достапни активности за да му се спротивставиме на дијабетот. Тие активности треба да вклучуваат чекори за спречување на дијабетот, за негово дијагностицирање, лечење и нега на лицата со дијабет.
АНАЛИЗАТА НА УТВРДЕНИОТ МОРБИДИТЕТ ВО ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА (ПЗЗ) ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2012-2014 ГОДИНА ДАВА ЦЕЛОСЕН УВИД НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА НАСЕЛЕНИЕТО НА ОВОЈ ПРОСТОР.
Податоците зборуваат за квалитативно и квантитативно подобрување во доставувањето на извештаи до нашиот Центар во означениот период. Утврдeниот морбидитет во примарната здравствена заштита овозможува: ü следење на промените во здравјето на населението, ü идентификување на приоритетните здравствени проблеми, ü утврдување на дистрибуцијата на заболеноста кај различни возрасни групи на население, ü преиспитување на здравствената политика и актуелната стратегија за здравствена заштита во државата, ü унапредување на менаџирањето во здравството, со крајна цел ü чување и унапредување на здравјето на вкупното население. Зика – вирусна инфекција ЗИКА – вирусна инфекција е заболување предизвикано од ЗИКА вирус кој најчесто го пренесуваат комарци од родот АЕДЕС кои исто така го пренесуваат и вирусот на Денга треска, Чикунгуња и Жолта треска. Вирусот воглавно циркулира на територија на Африка и Азија но во 2015 год. за прв пат се регистрирани епидемии и на територија на Јужна Америка .Вирусот исто така може да се пренесе и во тек на бременоста од мајката на плодот( со можни компликации по плодот), преку сексуален контакт а постои потенцијална опасност за пренос и преку трансфузија. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ЗА СКРИНИНГОТ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА2015-2017 година ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ДЕКА ВРЗ ОСНОВА НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2016 ГОДИНА,ЗА СКРИНИНГ НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА, ПРЕДВИДЕН Е ОПФАТ НА ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД:
ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ПРАШАЊА КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ НА ТЕЛЕФОН: 02/3298-667 ЛОКАЛ 165. ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: БРАНКА КРСТЕВ,e-mail:bkrstev@cph.mk. |
|