PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 723 |
Посети (овој месец): | 12426 |
Посети (оваа година): | 348858 |
Посети (вкупно): | 1342400 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Меѓународен ден на старите лица 1 октомври
Тема 2024: Стареење со достоинство: Важноста на зајакнувањето на системите за грижа и поддршка за постарите лица ширум светот |
На биолошко ниво, стареењето е резултат на влијанието на акумулацијата на широк спектар на молекуларни и клеточни оштетувања со текот на времето.
Ова води до постепено намалување на физичкиот и менталниот капацитет, зголемен ризик од болести и на крајот смрт.
Овие промени не се ниту линеарни ниту конзистентни и тие се само лабаво поврзани со возраста на една личност.Надвор од биолошките промени, стареењето често се поврзува со други животни транзиции како што се пензионирањето, преместувањето во посоодветно домување и смртта на пријателите и партнерите.Здравсвената состојба на старите луѓе е генетска, ново повеќе случаи се должи на физичката и социјалната средина - вклучувајќи ги нивните домови, соседства и заедници, како и нивните лични карактеристики - како што се нивниот пол, етничка припадност или социо-економски статус. Поддржувачката физичка и социјална средина,им овозможуваат на луѓето да го прават она што им е важно, и покрај загубите во капацитетот.
Достапноста на безбедни и достапни јавни згради и транспорт, како и места на кои лесно се шета, се примери за поддржувачки средини.При развивањето на јавно-здравствениот одговор на стареењето, важно е не само да се земат предвид индивидуалните и еколошките пристапи кои ги подобруваат загубите поврзани со старата возраст,туку и оние кои можат да го зајакнат закрепнувањето, адаптацијата и психосоцијалниот раст.
Стареењето на населението е главен глобален тренд кој ги преобликува општествата ширум светот.Оваа демографска промена значително го трансформираше пејзажот за грижа, опфаќајќи широк опсег на потреби за платена и неплатена поддршка во формални и неформални услови.Како што старее населението, побарувачката за сеопфатна здравствена заштита, грижа и услуги за социјална поддршка значително се зголеми, особено за постарите лица со состојби како што е деменцијата.
Дали знаевте?
• Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвидува да се зголеми повеќе од двојно, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо.
• Денес, очекуваниот животен век при раѓање надминува 75 години во половина од светските земји или области, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Поединците кои ќе наполнат 65 години сега се очекува да живеат дополнителни 16,8 години во просек.
• Во 2018 година, беше постигната историска пресвртница кога бројот на постари лица ги надмина децата под пет години за прв пат на глобално ниво. До 2030 година, глобалната популација на постари лица се предвидува да го надмине бројот на млади и двојно да го зголеми бројот на деца под пет години.
• Како што населението старее, побарувачката за здравствена заштита и социјална поддршка се зголеми, особено за оние со состојби како деменција, главна причина за зависност и инвалидитет кај постарите возрасни лица. Специјализираната нега сега е од суштинско значење за да се задоволат овие растечки потреби.
• Жените се оние коипридонесуваат со приближно 70% од глобалните часови за неформална грижа. Ова е особено точно во земјите со низок и среден приход со ограничени услуги за нега, што ги прави жените поранливи на сиромаштија во старост.
Разновидноста што се гледа во постара возраст не е случајна. Голем дел произлегува од физичките и социјалните средини на луѓето и влијанието на овие средини врз нивните можности и здравствено однесување. Односот што го имаме со нашето опкружување е искривен од личните карактеристики како што се семејството во кое сме родени, нашиот пол и нашата етничка припадност, што доведува до нееднаквости во здравјето.
За постарите луѓе често се претпоставува дека се изнемоштени или зависни и дека се товар за општеството. Професионалците за јавно здравје, и општеството како целина, треба да се осврнат на овие и други старосни ставови, кои можат да доведат до дискриминација, да влијаат на начинот на кој се развиваат политиките и на можностите кои ги имаат старите луѓе да доживеат здраво стареење.
Глобализацијата, технолошкиот развој (на пример, во транспортот и комуникацијата), урбанизацијата, миграцијата и менувањето на родовите норми влијаат врз животот на постарите луѓе на директен и индиректен начин. Одговорот за јавно здравје мора да ги земе предвид овие моменти и да создава соодветни трендови и политики.
Подготвил: Бранка Крстев, дипл. соц. работник/ Одд.за социјалнa медицина, Октомври, 2024
Извор: https://www.un.org/en/observances/older-persons-day,
https://www.who.int/en/news-room/fact-sheets/detail/ageing-and-health
|