4 Причини зошто треба да се вакцинирате

vakcina2Од 12.10.2011 година, во просториите на ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје се отпочнa со вакцинација на населението против сезонскиот Грип. Цената на поединечна доза изнесува 400,00 денари.

 

Вакцинацијата е најдобар начин за заштита од Грип и неговите компликации.. 

Вакцинацијата им се препорачува на сите кои сакаат да го намалат ризикот од заболувањето од Грип, развивањето на компликациите, активирање на постоечките хронични болести, посетите кај матичните лекари, потрошувачката на лекови и отсаството од работа. 

4 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ: 

   •    Ја намалува можноста од заболување од Грип, кој сам по себе го истоштува организмоt. 
   •    Го намалува ризикот од активирање и евентуални комликации на постоечките хронични заболувања (астма, диабетес, срцеви заболувања и др.) 
   •    Го намалува ризикот од болничко лекување поради воспалителен процес на белите дробови. 
   •    Ја намалува можноста да ја пренесете болеста на блиските во вашата околина. 

ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ- СКОПЈЕ ПОСЕБНО ЈА ПРЕПОРАЧУВА ВАКЦИНАТА НА: 

1. Лица со зголемен ризик на заболување од грип и можни комликации од грип 

   •    • Лица со или над 65 годишна возраст 
   •    На возрасните и децата со хронични заболувања на белодробниот или кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи ги и децата со астма 
   •    На возрасните и децата на кои им е потребен постојан медицински третман или хоспитализирање заради хронични метаболни болести (диабетес, мелитус), цистична фиброоза,ренални пореметувања, хемоглобинопатии или имуносупресии (вклучувајќи ја и имуносупресијата предизвикана од лекови) 
   •    На лицата и децата (над 6 месечна возраст) со ослабен имунолошки имунитет, вклучувајќи ги и HIV позитивните лица 
   •    Реципиенти на трансплантантни и болни од AIDS (може да иаат намален антитело-одговор на вакцината против Грип) 
   •    На децата, кои се постари од 6 месеци и возрасни, кои се под долготрајна терапија со аспирин заради ризик од акутно оштетување на јетрата и мозокот по инфекција со вирусот на Грип (Reyov sindrom) 

2. Лица кои се преносители на грип со зголемен ризик за заболување од Грип 

   •    Родителите и други лица кои се во близок контакт со деца под 6 месечна возраст, затоа што децата под 6 месечна возраст не можат да се вакцинираат 
   •    Здравствените работници, кои се грижат за лекувањето и негата на болните 
   •    Студенти на медицина, кои своите задолженија ги извршуваат во болниците, диспанзерите и слично 
   •    Штитениците на домовите 
   •    Се препорачува и на лицата кои се во постојан контакт со странки ( вработени на места за основни функции на заедницата- Производство и дистрибуција на лекови, храна, вода, електрична енергија оперативни служби на полицијата, пожарникари, членови на Парламентот и Владата, јавен транспорт, служби за погреби, вработените во градинки, училишта, телекомуникации, диспозиција на отпад и други) 

ВАКЦИНАТА НЕ СМЕАТ ДА ЈА ПРИМАТ: 

   •    Алергија (хиперсензитивност) на јајца, пилешки протеини или било која помошна компонента на вакцината 
   •    Кај лица кај кои при претходната вакцинација против Грип имале силна алергиска реакција 
   •    Деца помлади од 6 месеци 
   •    При акутни егзацербации на хронична болест 
   •    Кај пациенти со Guillian-Barre синдром 
   •    Бременост 

Во текот на бременоста овој меддицински препарат смее да се користи само по препорака на гинеколог.Доењето не е контраиндикација, но сепак е потребно да се консултира лекар. 

Вакцинацијата треба да се одложи кај лица со зголемена телесна температура до потполно оздравување. 

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА: 

   •    За возрасни и деца над 36 месечна возраст се применува една доза од 0,5 мл 
   •    За имунизација на деца од 6 до 36 месечна возраст се применуваат две дози од о,25 мл во интервал од 2-4 недели. 

За додатни Информации Ве молиме јавете се во Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје. 

Контакт тел: 3230 058; 3298 667 лок.123 

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите