PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 627 |
Посети (овој месец): | 23342 |
Посети (оваа година): | 75464 |
Посети (вкупно): | 1069006 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
Септември, Светски месец на Алцхајмеровата болест
Секој септември е месец на Алцхајмеровата болест во светот и вклучува меѓународна кампања со цел да се подигне свеста и да се оспори стигмата која ја опкружува деменцијата.
Светскиот месец на Алцхајмеровата болест е започнат во 2012 година, а Светскиот ден на Алцхајмеровата болест е на 21-ви септември секоја година.
Мрежата на Прсти Ширум Светот (World Wide Fingers network), претставува истражувачка иницијатива со цел да се спречи или да се одложи почетокот на опаѓањето на когнитивните способности. Таа е иницирана на 19-ти јули 2017 година на Меѓународна Конференција на Асоцијацијата на Алцхајмеровата болест.
Ризикот од Алцхајмеровата болест (АБ), најчестата форма на деменција, во голем дел е генетски регулиран, но преваленцата опаѓа во многу земји со висок приход; значи, променливите ризик фактори исто така влијаат. Идентификувањето и справувањето со овие фактори е итен приоритет за истражување, поради што мрежата (World Wide Fingers network) е чекор во вистински правец.
Анализа на податоци од истражувања на населението откриваат дека околу една третина од случаите на АБ во САД и Европа се припишуваат на седум потенцијално променливи ризик фактори: физичка неактивност, пушење, средовечна хипертензија, средовечна дебелина, дијабет, депресија и ниски образовни достигнувања. Наодите претпоставуваат дека со таргетирање на овие ризик фактори преку јавно-здравствени интервенции, преваленцата на болеста би можела значително да се намали.
Септември, 2017
Преземено од: The Lancet Neurology, September 2017
Подготвил: прим. д-р сци. В.Спирова
|