PCR – тест за Covid-19 PCR-test për Covid-19 PCR - test of Covid-19 |
Tel: 02/3298-269 02/3298-667 lokal 186 |
email: covid.cjz@cph.mk |
Карцином на грло на матка Брошура
Карцином на грло на матка Постер
Од денес 08.05.2023 во општина Битола почнува дератизација на шахтите од страна на ДДД Служба, Центар за Јавно Здравје Скопје |
Посетеност
Денешни посети: | 64 |
Посети (овој месец): | 23612 |
Посети (оваа година): | 75735 |
Посети (вкупно): | 1069277 |
Повратни информации
Почитувани,
Многу ќе ни помогнете во намерата да бидеме подобри и поефикасни во нашето работење доколку Вашите коментари, сугестии и приговори ги напишете во обрасците подолу (Приговор и Анкетен лист) и истите испратете ги на следнава Е-Mail Адреса: info@cph.mk
ТУТУНОТ, ЗАБОЛЕНОСТА И СМРТНОСТА
Нов извештај во списанието TheLancet, којкористи податоци од Истражувањето за глобалната оптовареност со болести, додава квантитативни детали на веќе опширната меѓународна литература за влијанието на глобалната епидемија на тутунот врз здравјето. Извештајот обезбедува детална проценка за смртноста и инвалидитетот предизвикани од пушењето на ниво на држава.
Наодите се воздржани. Во 2015-та пушењето предизвикало повеќе од еден случај од вкупно десет случаи на смрт во светот, убивајќи над 6 милиони луѓе, со глобална загуба од близу 150 милиони години на живот прилагодени на инвалидитет. Преваленцата на пушењето и консекутивниот морбидитет и морталитет денес опаѓаат во повеќето, иако не во сите, богати земји. Смртноста во иднина во земјите со низок и среден доход се очекува да биде голема.
Во светот се проценува дека едно од четири лица, или вкупно 933 милиони луѓе, се секојдневни пушачи. 80% од овие пушачи живеат во земјите со низок и среден доход. Половина од секојдневните пушачи, или половина милијарда луѓе кои се живи денес, може да се очекува предвремено да умрат од пушење, освен ако не престанат да пушат.
Денес, раширеноста на пушењето е сеуште ниска во земјите со низок социо-демографски индекс, но, врз основа на претходни искуства од побогатите земји, зависи само кога прво мажите, а потоа и жените во сите земји ќе се откажат од пушењето и за одредено време ќе умрат од рак на белите дробови, од хронична опструктивна белодробна болест или од други болести предизвикани од пушењето, како што веќе се случило во побогатите земји. Иако преваленцата на пушењето опаѓа во многу земји со низок и среден доход, вклучувајќи многу од земјите со најголем број пушачи (на пр. Кина и Индија), порастот на населението упатува на тоа дека бројот на пушачи, а поради тоа и оптовареноста со штетата од пушењето, продолжува да расте.
Преземено одTHE LANCET, април 2017
|